12 годишната Амера ја победи леукемијата – „Нејзината најголема желба беше да оздрави“

 

Хафиз Недим Ботиќ ја откри добрата вест – девојката Амера (12) ја победи леукемијата.

Амера заврши со последната хемотерапија, а резултатите покажаа дека се е во ред.

– Нејзината најголема желба беше да оздрави. Дај боже желбата да се оствари. Сега да ги следиме контролите и терапијата за одржување. Но, ракот, леукемијата е на колена – напиша тој.

Тој, исто така, им оддаде почит на родителите на Амера, Муамер и Амела.

– Вистински херои. Низ што поминале тие двајца и каква борба поднеле, само тие си знаат. Сега се најсреќните луѓе на светот – напиша тој.

Заедно со Амера, во нејзината борба секогаш беа членовите на Здружението за срце за деца болни од рак.

 

zenskimagazin.mk