12-годишно дете донесено мртво во болницата во Битола

Родителите го донеле во битолската болница телото на нивниот дванаесетгодишен син кој починал во домот. Од полицијата информираат дека трагедијата се случила во неделата, а станува збор за момче од селото Лера, битолско.

Според пријавеното, на малолетникот му се слошило во домот, по што бил донесен во болницата. Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.

извор: МВР