13-годишно дете од Скопје, за жал, ќе биде со траен инвалидитет на раката од експлозија на петарда

Дежурството за новогодишната ноќ во Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, според директорт Небојша Настов, поминало мирно, со вообичаен број на итни пациенти како во нормалните денови. Вкупно се прегледани 81 пациент, пет како последица на сообраќајни несреќи, тројца се од физички пресметки и извршени се три оперативни интервенции.

– За среќа во текот на новогодишната ноќ немаше повреди од петарди и огнострелно оружје, тоа беше зачестено во период пред празниците. Во последниот месец имаше 50-ина претежно малолетници на возраст од 12 до 17 години, рече Настов, посочувајќи дека за жал најверојатно се користат се поголеми петарди со поголемо барутно полнење и оставаат трајно оштетување кај децата.

На ТОАРИЛУЦ, Ургентниот центар, КАРИЛ и Ортопедија, како што информираше доктор Игор Мерџановски, имало помалку работа за 30 проценти од претходните години.

– Направени се 35 прегледи од кои кај 9 лица од сообраќајки со лесни телесни повреди и тие пациенти се пуштени на домашно лекување. Имаме двајца пациенти од физички напад, едниот е задржан на опсервација и во текот на денов ќе биде пуштен дома, како и 13.годишно дете со тешка повреда на раката од петарда, кое веќе е оперирано на Детската клиника за хирургија и најверојатно ќе биде со инвалидитет на раката. Примене и еден странски државјанин во алкохолизирана состојба со повреда на ноост и главата, згрижен е и пуштен е на домашно лекување, изјави Мерџановски.

denesen.mk