Тринаесетгодишно момче утрово е убиено во улицата Мојсија Михајловиќ Тошкет во Нишка бања.
Едно безживотно тело е пронајдено на лице место, а уште едно малолетно лице е пренесено во Клиничкиот центар во Ниш, соопшти полицијата по истрагата.
Телото на момчето било пронајдено во приватна куќа. Покрај двете момчиња, била и една баба која ги алармирала соседите, па повикале брза помош и полиција.
Според локалните жители, двете момчиња биле пријатели и оделе во седмо одделение во основно училиште во Нишка Бања.
Итната помош за N1 потврдила дека починало едно малолетно лице, а во Клиничкиот центар било пренесено уште едно момче родено 2010 година.
Во Клиничкиот центар за Н1 изјавија дека тринаесетгодишното момче е згрижено во таа здрава установа, но нема видливи повреди.
Истрагата се уште е во тек.