17-годишно момче доживеалo струен удар додека билo каченo на вагон

Седумнаесетгодишно момче од скопско Волково доживеал струен удар додека бил качен на цистерна – вагон. Но, цистерната се запалила и по здобиените повреди тој е пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

„Денеска во 14.55 часот на пругата на територија на Кисела Вода, 17-годишник од Волково, кој бил качен на цистерна- вагон, доживеал струен удар, при што цистерната се запалила. Со возило на Итна помош, повредениот е пренесен во Ургентен центар“, се вели со соопштението од МВР.

Зошто момчето било качено на вагонот и како настанал инцидентот ќе покаже истрагата.

Според извори на Скопје Инфо во моментов момчето е на КАРИЛ и се бори за живот. Тоа се здобило со многу тешки изгореници.

 

 

skopjeinfo.mk