Промоција на турскиот чај се одржа во Скопје, известува Анадолу.
Институтот „Јунус Емре“ во Скопје го промовираше турскиот чај на „Фестивалот на чајот“ кој традиционално се одржува во еден трговски центар во градот.
На „Фестивалот на чајот“ чиј домаќин беше Ариф Конак, директорот на Институтот „Јунус Емре“, присуствуваа амбасадорот на Туркије во Скопје Фатих Улусој и неговата сопруга Шејма Нур Улусој, претставници на турските институции и голем број граѓани.
На фестивалот учествуваа претставници од повеќе држави, кои ја презентираа подготовката на чајот според нивната традиција и култура, а најголемо внимание привлече просторот на кој се презентираше турскиот чај.
Додека претставници од повеќе земји учествуваа на фестивалот презентирајќи ја подготовка на чај според нивната традиција и култура, најголемо внимание привлече просторот на кој беше презентиран турскиот чај.
Претставниците на Институтот „Јунус Емре“ на посетителите заедно со турскиот чај им понудија и ѓеврек.