(ВИДЕО) Напад во Амстердам: Најмалку пет лица избодени со нож

Најмалку пет лица се повредени во напад со нож во близина на централниот плоштад Дам во Амстердам, соопшти полицијата.

Според првичните информации, едно лице е уапсено, но се уште не е познат мотивот за нападот.

Локалните медиуми јавуваат дека полицијата ја опколила областа на Синт Николастраат и самиот плоштад Дам. На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како хеликоптерот слетува на плоштадот, додека повредените се префрлени во болница.

Нападот се случил нешто пред 15 часот и 30 минути. локално време. Весникот De Telegraaf наведува дека најмалку четиринаесет полициски возила и еден полицаец на мотор пристигнале на местото за 15 минути.

Плоштадот Дам е едно од најпосетуваните места во главниот град на Холандија, лоциран во историскиот центар на Амстердам и опкружен со знаменитости како што е Кралската палата.