19-годишниот Лојд кој има Даунов синдром планира да го истрча Лондонскиот маратон и да постави рекорд

19-годишното момче цели да стане најмладата личност со Даунов синдром која некогаш го има истрчано Лондонскиот маратон. Лојд тренира со мајка си која силно верува во неговите способности и го охрабрува да биде физички активен.

„Сè е возможно, не само за оние со Даунов синдром. Буквално, секој може да истрча маратон“ – вели мајка му Кери.

Гинис создаде специјална категорија во која ќе биде запишан Лојд доколку ја помине патеката долга 42,195 км. А со помош на мајка му, тоа е сосема возможно.

„Обожавам да трчам со мајка ми. Таа трча маратони. Ја обожавам, таа е легенда“ – рекол Лојд за Кери, која повеќепати го има истрчано Лондонскиот маратон.

Кери ја слушнала дијагнозата дека нејзиниот син има Даунов синдром непосредно по неговото раѓање. Како и многу други деца со екстра хромозом, Лојд имал дупка во срцето која морала да биде оперативно затворена.

„Ни даваа многу негативни сценарија за тоа каков ќе биде животот на Лојд. Се роди со дупка во срцето и ни рекоа дека ќе има слаба мускулатура и дека можеби нема да може да оди. Ни велеа дека можеби нема да може да зборува, да јаде самостојно и дека ќе има многу предизвици кои ќе треба да ги надмине.“

„Лојд им покажа на сите медицински лица и на стереотипите дека грешат.“

„Кога беше дете, беше малечка топка полна со енергија. Поминуваше часови во скокање на трамполината во градината и обожаваше да пее и да танцува. Како и многу други деца со Даунов синдром, тој беше многу флексибилен. Татко му беше гимнастичар, а и Лојд имаше потенцијал, па го запишавме на часови. Му се допадна и гимнастиката. До ден-денес му е омилен спорт“ – рекла мајката.

Маратонот ќе се одржи на 21 април.

 

femina.mk