20 годишен Турски државјанин повреден откако возило удрило во него во Штип

На 28.11.2023 во 19.20 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Партизанска“ во Штип, патничко моторно возило „опел мерива“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Т.Л.(51) од Штип, удрило во пешакот С.Е.(20) од Република Турција, со привремен престој во Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Е., констатирани во Клиничката болница Штип.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

извор: МВР