200 евра за лежалка на новоотворената кралска плажа на Свети Стефан во Црна Гора

Од вчера повторно е отворен хотелскиот ресорт Аман на Свети Стефан во Црна Гора, објави „Вијести“.На кралската плажа можат да одат и други посетители, но ако платат 200 евра за лежалки.

За отворање на капијата преку ден потребно е да се платат 25 евра. Како што најавуваат од „Аман“, до крајот на летната сезона, по таа цена, посетителите придружувани од водич ќе имаат можност да изберат еден од шесте термини за прошетка низ островот, додека децата до 12 години се бесплатно.

Жителите на Свети Стефан изминатите години протестираа против забраната за пристап до кралската плажа, па концесионерот Адриатик пропертис го затвори одморалиштето. Во меѓувреме заедно со Владата најдоа заеднички јазик.

 

 

faktor.mk