Денеска се одбележува 21-годишнината од смртта на поранешниот претседател на Република Македонија Борис Трајковски кој заедно со членови од неговиот Кабинет загина во авионска несреќа во близина на Мостар.
Во авионска несреќа што се случи на 26-ти февруари 2004 година загина претседателот на Република Македонија Борис Трајковски и осумчлена македонска делегација која патуваше на Меѓународна конференција во Мостар.
За несреќата која се случи во атарот на Матиќ Брдо кај селото Хусковиќи, во близина на Мостар, за причините за падот на „Кингерот“, за тоа дали се случила авионска несреќа или било „тероризам“, од тогаш досега беа изврешени две истраги и објавени два извештаја, на две комисии со кои раководеа Салко Бегиќ и Омер Кулиќ, а во кои учествуваа и македонски експерти.
И во двата извештаја, кои се разликуваат, сепак, како причина за падот на „Кингерот“ се наведуват пилотски грешки и други индиректни системски пропусти.
Во авионската несреќа покрај претседателот Борис Трајковски, животот го загубија портпаролот Димка Илкова Бошковиќ, советниците Ристо Блажевски и Анита Лозановска, претставникот на Министерството за внатрешни работи Миле Крстевски, телохранителите Аце Божиновски и Борис Велиновски, како и пилотот и копилотот на авионот.