Танасис Зервас е 23-годишното момче кое вчера ненадејно почина на плажа на островот Сифонс.
Наодите од обдукцијата покажале дека причината за смртта е кардиореспираторна инсуфицијенција и миокардна исхемија.
„Ги чекаме лабораториските анализи за да имаме комплетна слика. Телото ни е доставено со напомена дека покојникот бил позитивен на коронавирус, иако тоа се’ уште не го знаеме со сигурност. Ги чекаме резултатите“, изјави Илијас Бујукас, шеф на форензичката служба.
Грчките медиуми пишуваат дека момчето качило температура на 25 јули и дека земал антипиретици. Ден подоцна заминал да се тестира и добил позитивен наод. Сепак, момчето не сакало короната да му го расипе летувањето, па заминал на плажа со пријателите во кампот каде што престојувал.
Неговите другари раскажуваат дека седеле заедно кога наеднаш се пожалил на силни болки во стомакот. Почнал да повраќа, а по 15 минути изгубил свест.
Итната помош веднаш интервенирала. Момчето било пренесено во болница каде лекарите се обиделе да го реанимираат. За жал, му немало спас.
Лекарите наводно направиле уште еден Ковид-тест, а момчето било позитивно.
Фото: Архива