23 лица починаа во Истанбул во последните 48 часа како последица на труење од консумирање на домашен алкохол

23 лица починаа во Истанбул во последните 48 часа како последица на труење од консумирање на домашен алкохол, соопштија во средата турските власти, јави Си-Би-Ес.

Најмалку 43 лица се хоспитализирани, од кои 32 се на интензивна нега, соопштија турските власти. Од почетокот на новата година вкупно 34 лица починале како последица на консумирање алкохолни пијалаци од сомнително потекло. Се сомнева дека причина за труењето е алкохолот загаден со метанол.

Метанолот е супстанца која често се додава во алкохолот за да се зголеми неговата јачина. Според истражувањата за нелегално произведен алкохол во јужна Турција, наместо етанол се користи метанол бидејќи е поевтин, но може да предизвика слепило, оштетување на црниот дроб и смрт.

Министерството за здравство на Турција сè уште нема дадено официјална изјава во врска со овие случаи.

 

 

4news.mk