264 сообраќајни прекршоци во Скопје, 63 санкции за прекршоци што ги прават мотоциклистите

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.03.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 264 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 76 санкции, 63 мерки за прекршоци што ги прават мотоциклистите, 36 санкции за возење под дејство на алкохол, 25 мерки за возење без возачка дозвола.

Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон, седум санкции за нерегистрирани возила, девет мерки за возач почетник, девет санкции за некористење сигурносен појас…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.