Се урна покривот на дискотека во Санто Доминго, главниот град на Доминиканска Република.
Според информациите, најмални 27 лица загинале додека пак повредени се 130.
Спасувачите и натаму се обидуваат да извлечат луѓе од урнатините, а засега не е познато како дошло до несреќата, која се случила после полноќ за време на концерт на популарниот пејач Руби Перес. Во спасувањето и расчистувањето учествуваат повеќе од 400 луѓе.
„Се надеваме дека многумина од затрупаните и натаму се живи“, изјави директорот на Центарот за вонредни операции Хуан Мануел Мендес.
4news.mk