ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.( 30) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“. Тој, на 18.12.2023 година околу 21 часот во неговата семејна куќа во Кичево, при вршење на семејно насилство, со физичка сила и нанел тешки телесни повреди на неговата двегодишна ќерка, која била пренесена за укажување лекарска помош во Општата болница во Кичево, а потоа во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје каде, на 08.01.2024 починала. Судија на претходна постапка при ОС Кичево, на Ф.Д. му одреди мерка притвор од 30 дена по што е спроведен во Казнено поправната установа „Затвор-Битола“.
Related Posts
И покрај најавите за поевтинување на цените на основните прехранбени производи, денеска нема промена на цените
Лебот ќе поевтини само тоа нема да биде денеска, туку во текот на месецот. Во повеќето продавници цената на зејтинот…
Што носат Измените во Кривичниот законик – Груевски се ослободува од „ТНТ“ и од „Траекторија“ веднаш, од „тенк” в година, се запираат и „кинеските автобуси“ ….
Со намалувањето на казните за Злоупотреба на службената положба и овластувањата и за кривичното дело злосторничко здружување, за кои се…
Во Скопје продолжуваат блокадите на приватните превозници
Приватните автобуски превозници денеска ги продолжија блокадите на неколку од главните сообраќајни точки во Скопје. Тие, како што наведуваат, нема…