ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.( 30) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“. Тој, на 18.12.2023 година околу 21 часот во неговата семејна куќа во Кичево, при вршење на семејно насилство, со физичка сила и нанел тешки телесни повреди на неговата двегодишна ќерка, која била пренесена за укажување лекарска помош во Општата болница во Кичево, а потоа во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје каде, на 08.01.2024 починала. Судија на претходна постапка при ОС Кичево, на Ф.Д. му одреди мерка притвор од 30 дена по што е спроведен во Казнено поправната установа „Затвор-Битола“.
Related Posts
Ковачевски: Илинден е и ќе биде нашата сила за светла, европска иднина за сите граѓани на Северна Македонија
Во предвечерието на големиот национален празник 2 Август, Илинден и Денот на Републиката, претседателот на Владата на Република Северна Македонија…
По намалувањето на цената на горивата, следуваат пониски цени на брашното, јајцата, маслото
Цените на горивата се намалуваат од денеска, а во следните денови и цените на лебот, брашното, шеќерот, сончогледовото масло, кравјото…
Обвинителство испитува поврзаност меѓу вчерашното убиство и пожар
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во близина на Блаце, каде беше пронајдено безживотно…