31-годишн грчки интернационалец беше пронајден мртов во базенот во неговиот дом

Грчката фудбалска федерација побара од Европската фудбалска асоцијација да им дозволи на играчите да носат ленти на нивните наредни два натпревара во спомен на дефанзивецот Џорџ Балдок.

Вчеравечер 31-годишниот грчки интернационалец беше пронајден мртов во базенот во неговиот дом. Се уште не се познати деталите за смртта.

Грчката репрезентација во Лигата на нации вечер ќе гостува во Лондон против Англија, а на 13 ќе се соочи со Ирска.