35 годишно лице пронајдено починато во домот

На 29.02.2024 во 10:30 часот во СВР Скопје, Т.М.(58) од Скопје пријавила дека во својот дом на подрачјето на Чаир го пронашла починат нејзиниот син И.М.(35) од Скопје, кој имал здравствени проблеми.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

извор: Курир