36 возачи под дејство на алкохол на територија на СВР Тетово – возач фатен со 2,89 промили алкохол

Полициски службеници на СВР Тетово во текот на изминатата вечер (24/25.09.2022) во периодот од 22.00 до 04.00 часот, на поширокото полошко подрачје спроведоа акциска контрола на возачи – дали и колку од нив ги управуваат возилата под дејство на алкохол. При контролата откриени и вкупно санкционирани биле 36 возачи (ТЕ-24 и ГВ-12), кои управувале под дејство на алкохол, од кои кај 1(ТЕ) биле измерени 2,89 промили алкохол во крвта. Сите возачи-прекршители веднаш се исклучени од сообраќај, времено им се одземени возачките дозволи и изготвени им се соодветни поднесоци. Во акциската контрола адекватно санкционирани се и 18 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-13 и ГВ-5).

СВР Тетово повторно со апел, посебо до младите и пред се за викендите, да не седнуваат зад волан доколку претходно конзумирале алкохол и да не ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, но и да не возат пребрзо и да не престигнуваат на недозволени места и начин. Со тоа ќе придонесат за подобрување на вкупната сообраќајна безбедност во регионот и пошироко.

извор: МВР