Дел од медиумите денеска објавија фотографија од гол човек како шета низ центарот на Скопје, поточно во близина на гимназијата „Јосип Броз Тито“.
Од МВР за Курир потврдуваат дека во нивната евиденција имаат таков случај, кој е регистриран вчера попладне.
-На 09.04.2025 во 18.55 часот пред средно училиште на подрачје на Центар, полициски службеници го затекнале Ј.Р.(40) од Скопје како се движи на улица без облека. Лицето било приведено во полициска станица, по што од Итна медицинска помош во присуство на полициски службеници бил спроведен во психијатриска болница за понатамошно лекување, потврдуваат за Курир од МВР.