На М.С.(26), осомничена дека денеска на протестот во Нов Белград удрила девојка со автомобил, и е одредена мерка притвор до 48 часа и ќе биде изведена во Вишото јавно обвинителство во Белград со кривична пријава, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија.
Претходно, припадници на МВР, полициска станица Нов Белград ја уапсија М.С. поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело тешко убиство во обид.
Таа е осомничена дека денеска на улица „Јуриј Гагарин“ во Нов Белград, додека управувала со „Ситроен“, удрила 25-годишна девојка, која е повредена и се наоѓа во Ургентниот центар.
Српските медиуми претходно јавија дека непознато женско лице удрило студентка на улицата „Јуриј Гагарин“ во Нов Белград откако со своето возило влетала во насобраните граѓани.
Полицијата во цивилна облека, која ги придружуваше учесниците на протестот во Нов Белград, ја запрела жена која се обидела да побегне.
telma.mk