Тешка сообраќајна несреќа попладнево се случи во близина на кулите Џевахир. Според информации на 4NEWS.mk поради прекумерна брзина возило удрило во најмалку четири возила кои биле паркирани, по што излетал од спротивната страна на коловозот.
Во моментов сообраќајна полиција го регулира сообраќајот и возила се пропуштаат по една коловозна летна.
Нема официјални информации кои се причините за несреќата и излетувањето на автомобилот.
Според неофицијални информации од граѓаните, неконтролирана брзина е причината за вечерашната несреќа.
„Среќа што немаше пешаци во тој момент на тротоарот, ќе ги покосеше сите“, кратко ни искоментира еден од жителите кои будно го следеа процесот на истрага.
Во моментов нема информации за здравствената состојба на возачот.