4NEWS: Директор на Алијанса со кундак вечерва нападнат во Тетово

Првиот човек на Арбен Таравари, најверојатно придружуван од членови на ВМРО-ДПМНЕ доцна вечерва извршиле напад врз еден од директорите на Алијанса во ресторан среде Тетово, дознава 4NEWS.mk

Директорот за управување на одземен имот, Дритон Небиу за време на нападот вечерал со својата фамилија и пријатели. Како што дознаваме тој е физички нападнат со кундак од пушка.

Според наши извори напаѓачот е К.О познат на тетовското подземје поради учество во нелегални дејствија, а ситиот е член и во навивачката група Балисти.

Според наши полициски извори, лицето претходно е гонето и за палење на автомобил кој бил во сопственост на ЕВН.

 

извор: 4NEWS.mk