Путин наредил нуклеарните сили на Русија да бидат во состојба на готовност

Претседателот Владимир Путин наредил на својата воена команда да ги стави нуклеарните сили во „специјална“ состојба на готовност, како одговор на, како што ги нарече, „агресивните изјави“ на водечките сили на НАТО, објави Асошиетед Прес.

Рускиот лидер веќе издал шифрирано предупредување дека е подготвен да користи нуклеарно оружје додека ја започна својата инвазија на Украина.

Минатата неделаПутин предупреди дека „кој и да се обиде да не попречи“ ќе види последици „никогаш не сте виделе во вашата историја“.

Рускиот претседател, исто така, рече дека санкциите воведени кон Русија се незаконски.

Според државната новинска агенција РИА Новости, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана, стратешките сили „се дизајнирани да ја одвратат агресијата против Русија и нејзините сојузници, како и да го поразат агресорот (нанесувајќи му пораз), вклучително и во војна со употреба на нуклеарно оружје“.