73-годишна македонска државјанка загина во сообраќајна несреќа во Будва, откако синоќа во нејзе удрило возило додека ја преминувала улицата во близина на зградата на комуналната полиција.
Како што пишуваат црногорските медиуми, несреќата се случила по полноќ кога на нејзе налетал автомобил управуван од 28-годишно лице од Тиват на стотина метри од главните семафори.
Порталот Вијести објави дека по наредба на Основното државно обвинителство истрагата ја спровела сообраќајната полиција на одделението за безбедност во будва. Телото на жртвата било испратено на обдукција, додека возачот бил уапсен..