Во текот на вчерашниот ден (10.10.2022) во периодот од 09.00 до 14.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи при управување на товарни моторни возила. При контролата 80 товарни моторни возила биле упатени на вонреден технички преглед од кои неисправни биле 57 товарни моторни возила и тоа: седум за техничка неисправност на уредот за запирање, шест за претовар, шест за неправилно сместен и небезбеден товар, а 14 возачи управувале без возачка дозвола. При контролата санкционирани се и 104 останати прекршоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
извор: МВР