81 година од смртта на најголемиот македонски поет Koста Солев Рацин

Кочо Рацин или целосно Koста Апостолов Солев Рацин, е роден во Велес на 22 декември 1908 година. Тој беше македонски книжевник и комунист, најпознат по својата поезија. Се смета за еден од основоположниците на современата македонска книжевност, а неговата стихозбирка „Бели мугри“ (Загреб, 1939) претставува едно од најзначајните дела во современата македонска поезија. Освен со поезија, Рацин се занимавал и со проза, а напишал и неколку значајни трудови од областа на историјата, филозофијата и книжевната критика.

Прекарот Рацин доаѓа од неговата сакана Рахилка Фирфова – Раца. Рацин кратко време користел и друг псевдоним, Невен Пејко, кој го зеде од неговата втора љубов – Невенка Вуиќ.

 

Сè уште не се разјаснети сите подробности околу неговата смрт, поради што постојат сомневања дека бил убиен. Вечерта на 13 јуни 1943 година, додека се враќал во партизанската печатница на планината Лопушник, Кичевско, смртоносно бил застрелан. Посмртните останки на поетот денес се наоѓаат во Спомен-костурницата во Велес, каде се наоѓаат и посмртните останки од неговите загинати соборци и другари. Повеќе пати до денес се предложила и разгледала идејата Кочо Рацин да биде погребан во засебен гроб во центарот на Велес. Идејата била прифатлива за семејството Солеви и градоначалникот на Велес, но не и од Сојузот на борци на Велес.

 

ekran.mk