Mагична глетка, бамбусовата шума кај Кјото

0
262

На северозападните рабови на јапонскиот град Кјото, се наоѓа бамбусовата шума Арашијама или како што уште ја нарекуваат Сагано. Уште од античко време, ова место било омилена дестинација на принцовите, кои доаѓале овде да го пронајдат својот внатрешен мир. Денес е една од омилените туристички дестинации.

На само 30 минути возење од раздвижениот центар на градот се наоѓа шума исполнета со високи бамбусови дрвја, од кои некои достигнуваат висина и до 40 метри. Во некои делови, нивната „крошна“ е толку збиена и густа што сончевата светлина не стигнува до патеките што се извиваат наоколу. Сепак, најволшебното нешто кај оваа шума е – звукот.

Додека ветрот минува низ густо збиените растенија, дрвото се витка и шкрипи, листовите шушкаат, а стеблата се судираат создавајќи бавно мелодичен звук. Тој е толку познат и важен во Јапонија што владата на оваа земја го заштити и го прогласи за еден од стоте звуци што мора да бидат зачувани.

porta3.mk