Мицкоски: Како опозиција понудивме концепт и помош, кој опфаќа работа на сите енергетски капацитети и работа на ТЕ ТО со евтин гас за доброто на граѓаните и стопанството

0
278

Што се однесува до концептот  не е само позициите, контактите и така натаму, концептот кој што го понудивме се темелеше на основната претпоставка дека ќе имаме три блока оперативни во Битола, ќе има два котли оперативни во Неготино, оперативен Осломеј, ќе имаме хидропотенцијал функционален и така натаму и беше побарано помош од нас, односно понудивме концепт да работи и термоелектраната ТЕ-ТО Скопје од која што би се обезбедувало топлина за корисниците на градското затоплување овде во Скопје, поевтин ресурс за термоелектраната Неготино, количини кои што би отишле за индустријата по цена пониска од 200 евра за мегават час и тоа беше основното сценарио. Морам да кажам дека од основното сценарио нема ни О, зошто? Затоа што во Битола работат во моментот два блока и тие работат на ниво од 150 до 160 мегавати, а тие имаат инсталирани повеќе од 200 мегавати. Неготино не работи, не работи од 18, ќе бидам попрецизен од 18 октомври во 2:25 наутро, зошто? Затоа што дефект на генераторот, изгорени намотки, а тие велат дека редовно го исклучиле затоа што ќе го сервисирале, повторно не ја говорат вистината, да бидам брутален, лажат. Исто така и Кичево не работи, таму пак поради нередовно одржување пукаат цевки и денес ќе појдете ќе видите дека Осломеј не работи. Хидропотенцијалот ако тој ден кога бев во владата имаше резерви 30% на 20 октомври, според диспечерскиот извештај на АД ЕЛЕМ е 25 % значи уште помалку. Ќе ве потсетам тоа постојано говорам во јавноста дека пред грејната сезона тој мора да биде 75 до 80%, значи ова е трипати помала, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната негова посета во општина Аеродром.

Мицкоски исто така посочи дека позицијата во текот на вчерашниот ден доставила понуда за гас и дека понудата е многу поповолна  од таа која била купена од страна на владата за втората половина на месец октомври.

Но настрана сето ова ние продолживме да работиме и од она што можам да го кажам за деталите ќе си ја прашате владата бидејќи не сакам јас да зборам од името на владата, но во текот на вчерашниот ден позицијата која што го понуди концептот за снабдување на гас, да обезбеди  гас достави понуда во АД ЕСМ поранешно АД ЕЛЕМ, јас ја имам таа понуда, знам која е и цената, знам која се условите, знам се и можам да кажам дека е многу, многу поповолна од таа која што беше купена од страна на владата за втората половина од месец октомври, би рекол повеќе од два пати е поповолна, еве прашајте ја владата тие ќе ви кажат, кажа претседателот Мицкоски.

Мицкоки посочи дека компанијата која требало да обезбеди  мазут ќе достави понуда во понеделник само владата треба да организира превоз потрошувачите, тоа се термоелектраните Осломеј и Битола или до термоелектраната Неготино.

Втора работа која што сакам да ја кажам дека компанијата која што требаше да обезбеди ресурс како што е мазутот, ќе достави понуда во понеделник, отприлика цената ја знам и таа цена ќе се движи под берзанската цена натоварена со сите даноци, давачки, акцизи и сето останато на едно пристаниште кај нашиот јужен сосед, останува на владата само да го организира превозот  до потрошувачите, тоа се термоелектраните Осломеј и Битола или до термоелектраната Неготино, што значи дека  некаде 70-80 евра по тон поевтина од таа која што до сега ја купува владата. Јас и таа понуда официјално ќе ја имам, инаку ова се отприлика цените. Кога сето ова ќе се сумира станува збор за фантастична заштеда од повеќе од 200 милиони евра, но јас еве нема да навлегувам понатаму во детали, нека го соопштат тоа од Владата, ние како опозиција ќе ги чуваме понудите и ќе ја потсетиме владата кога ќе одлучи да го краде народот преку тендери во четири очи за колку го краде народот и што можеа да купат, тоа е до нив, сега дали они ќе се организираат навремено па потоа ќе се вадат на време, немало време, тоа е до владата, тоа е веќе не е ниту до опозицијата, нити пак до било кој од вас, нити пак до било кој граѓанин. Отприлика така изгледа работат, ние како опозиција направивме државнички потег и историски би рекол во европски рамки, не знам  дали некој нешто слично вака направил и помогнавме кога цениме дека е најтешко, се повлековме чекор наназад, еве да речеме не се толку актуелни барањата за предвремени избори, трпиме политичка штета, луѓето велат зошто сеуште не барате предвремени избори, инаку ние и тоа го бараме цело време велиме предвремени избори, но не сакаме да  бидеме како расипана плоча, во услови на криза сакаме да помогнеме и тоа го направивме, останатото е до луѓето во владата, додаде Мицкоски.

Извор: ВМРО ДПМНЕ