Скопје облепен со плакати „Што крие власта од народот-афера тајни имоти“!

Утрово на повеќе места во Скопје па и во близина на седиштето на СДСМ осамнаа плакати „Што крие власта од народот-афера тајни имоти“,објави Република .

Ова е само најава пред објавата на аферата која ВМРО-ДПМНЕ ја најави за понеделник во 12 часот.

Си ја вршат ли институциите работата или служат за прикривање на незаконитостите и криминалите на функционерите на СДС?
Дали наместо во служба на народот, група луѓе од СДС и ДУИ си работи за себе?
Колку се почитуваат законите? И колку се применуваат?
Во понеделник на прес конференција во 12 часот ќе откриеме голема афера во милионски износ. Низ факти до одговор на прашањето зошто Македонија тоне, затоа што наместо работа се прави криминал, најавуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

извор: Република