Си Џинпинг по третпат избран за лидер на Комунистичката партија на Кина

0
274

Си Џинпинг утринава повторно е избран за лидер на Комунистичката партија на Кина, што ќе биде единствен трет мандат во стогодишната историја на партијата, известува Агенција Анадолија (АА).

Потврдата официјално е објавена по првата седница на Централниот комитет, а е избран еден ден претходно, на 20. Конгрес на Комунистичката партија на Кина.

Си им се обрати на новинарите по реизборот и соопшти уште шест имиња кои влегле во новиот состав на Постојаниот комитет, највисокото тело на партијата.

„Патувањето е тешко и напорно, но ние ќе стигнеме до нашето одредиште“, рече Си и најави „национално подмладување“ на Кина.

Си во Постојаниот комитет ќе ги донесува одлуките заедно со Ли Чианг, Ванг Хунинг, Цаи Чи, Динг Шјуешјианг и Ли Шји.

Шеесет и девет годишниот Си останува на функцијата претседател на Кина и командант на кинеската војска.

За првпат Си беше избран за претседател на Кина во 2013 година, а својот втор мандат го доби во 2018 година, кога ја отстрани границата на претседателскиот мандат.

Комунистичката партија овој викенд на Конгресот избра нови органи на раководството во кои нема неколкумина досега високорангирани функционери, меѓу кои е и премиерот Ли Кеќанг.

извор:Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).