Младиот шминкер и фризер Александар Драмичанин ги воодушеви своите следбеници на социјалните мрежи кога комплетно го трансформира преку шминка ликот на неговата баба.
Имено, тој својата баба Милоратка (88) ја нашминка и ја претвори во холивудска дива.
-Баба ми како и повеќето стари живее на село, не се шминка, не ја фарба косата, и носи шамија. Но таа е жена која плени со својата внатрешна и надворешна убавина и така ми дојде идејата да ја средам. За време на карантинот останав со своето семејство во Ивањица и ја искористив можноста да ја убедам. Кога ја нашминкав и се погледна во огледало , само се насмеа, несвесна за својата убавина, вели Александар.
thenewsgo.co