Во Црна Гора вчера беа одржани локални избори во 14 општини. Демократската партија на социјалистите (ДПС), партијата на Мило Ѓукановиќ, по 24 години ја загуби власта во Подгорица, додека во седум други општини дојде до промена на власта, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во Подгорица коалицијата „Сите за нашиот град“ предводена од претходниот градоначалник Иван Вуковиќ од ДПС освои околу 40 отсто од гласовите. Движењето „Европа сега“ е најголемото изненадување на овие избори, бидејќи во Подгорица освоија околу 21 отсто од гласовите, па заедно со ДФ, УРА и демократите ќе ја формираат идната локална власт. Коалицијата собрана околу ДФ освои 18 отсто од гласовите, демократите 10 отсто, додека УРА освои 6,4 отсто. СНП, Пресврт и Светосавска останаа под цензусот.
ДПС ја загуби власта и во Плевља, Жабљак и Даниловград. Во Пљевља, ДФ ја презеде власта, освојувајќи 12 мандати, коалицијата ДПС-СДП-СД-БС освои девет, додека демократите освоија седум мандати, Европа сега четири мандати, а УРА и СНП по еден мандат. Во Будва, Демократскиот фронт извојува апсолутна победа, додека во Рожаје, апсолутна власт освои Бошњачката партија, освојувајќи 22 мандати.
Во Бијело Поље, коалицијата ДПС-СДП-СД-ЛП освои 15 мандати, коалицијата „Идеме луѓе“ ќе има пет советници во локалниот парламент, додека Бошњачката партија и Европа сега ќе имаат по четири мандати. УРА и СНП освоија по два мандати.
Демократската партија на социјалистите (ДПС) освои десет мандати на локалните избори во Даниловград, Движењето Европа сега осум мандати, а Демократскиот фронт (ДФ) пет. Граѓанското движење УРА освои два мандата, додека Социјалдемократската партија, Социјалистичката народна партија, Пресврт и Вистинска Црна Гора освоија по еден мандат.
Коалицијата ДПС-СДП-ЛП победи на неделните избори во Бар и освои 15 мандати. Демократите освоија осум мандати, ДФ 5, УРА 3 мандати, СД 3 мандати, Бирам Бар два мандати и Бошњачката партија еден мандат. Во Плав, коалицијата СД-ДПС-СДП освои мнозинство од 16 мандати, БС освои 7 мандати, ДФ 4, УРА 3, додека СНП еден мандат.
Социјалистичката народна партија (СНП) освои апсолутна власт во Плужине, Демократскиот фронт беше апсолутен победник во Зета, додека гласањето во Шавник беше прекинато на пет избирачки места и се очекува да се повтори следната недела.
извор: Агенција Анадолија (АА).
фото: Агенција Анадолија (АА).