1689 Австрискиот генерал Енеја Силвио Пиколомини (како дел од контраофанзивата против Отоманското Царство по кампањата на Турците во 1683 година) го запалил Скопје. Во тој период во градот бил зафатен со епидемија на колера. Пиколомини наредил градот да се запали за да се сопре епидемијата. Градот горел два дена. До темел изгореле голем број куќи и дуќани, но епидемијата не сопрела. Дури и самиот генерал Пиколомини се заразил од колера и набрзо починал.
1936 Нацистичка Германија и фашистичка Италија ја формираа Оската Рим – Берлин, со што е зацврстен сојузот на водечките фашистички држави во Европа. „Оската“ подоцна со вклучувањето на Јапонија за кусо време стана првокласна меѓународна воена и политичка групација и извор на империјалистички амбиции и на агресивни планови.
1971 НР Кина е примена во членството на ООН.
1993 Мелина Меркури, артистката во филмот „Никогаш в недела“, која ја доби функцијата министер за култура во Атина, вети дека ќе се бори за враќање на мермерните украси од Британскиот музеј, антички орнаменти кои го краселе Партенон. „Никогаш не почнувам борба без да ја продолжам и без да ја завршам“, изјави Меркури. Сите британски влади одбија да ги вратат мермерите, бидејќи тоа ќе значи преседан, со кој музеите низ светот ќе ги загубат своите богатства.
1994 Седум слики на шпанскиот сликар Пабло Пикасо се украдени од една уметничка галерија во Цирих, соопшти полицијата. Вредноста на сликите е проценета на 250 милиони швајцарски франци, односно 208 милиони долари.