Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган синоќа присуствуваше на концертот на легендарниот британски пејач Јусуф Ислам, познат и како Кет Стивенс, јавува Агенција Анадолија (АА).
На концертот, кој се одржа во претседателскиот комплекс во главниот град Анкара, присуствуваа и првата дама Емине Ердоган, потпретседателот Фуат Октај и членовите на Кабинетот.
Во публиката беа и сопругата на Јусуф Ислам, Февзија Мубарек Али и неговиот син Мухамед Ислам.
Британскиот музичар и кантавтор Јусуф Ислам, по концертот во Анкара, му подари гитара на турскиот претседател.
Под уметничкото име Кет Стивенс, Јусуф Ислам остави неизбришлив белег на музиката со низа хитови во 1960-тите и 1970-тите години. По прифаќањето на исламот во 1977 година, тој го промени своето име во Јусуф Ислам.
Концертите на Јусуф Ислам во Туркије, во Истанбул минатата недела и во Анкара оваа недела, се први настапи во странство по пет години.
извор:Агенција Анадолија (АА).
фото: Агенција Анадолија (АА).