Германската полиција уапси тројца мажи (22, 23 и 37 години), меѓу кои и Срби, под сомнение дека учествувале во убиство и неколку грабежи во Берлин. Групата е осомничена дека провалувала во становите на постари лица, ги брутализирала, а потоа ги ограбила. Групата е наречена „Ѓаволска банда“.
Уапсени се три лица, но се сомнева дека имале и други соучесници, а истрагата се уште трае. Имено, се сомнева дека во август минатата година во Анбург убиле жена (67), но и дека по грабежот извршиле уште едно убиство на постар маж (83) во Берлин.
republika.mk