Колењето курбан при камен темелник не е христијански обичај!

0
530

Во периодот на Осмалинската империја се наметнало да се прави курбан при градба на куќа. Оттука доаѓа кај нашиот народ да се принесе таква жртва што за нас христијаните е неумесно и несфатливо.

Ние апелираме да се викне свештено лице па потоа да се продолжи изградбата, но во никој случај да не се прави курбан, вели свештено лице во изјавв за Сител ТВ на тема дали Христијаните при изградба на куќа треба да прават курбан.

Ние знаеме дека кај нашиот народ се останати да се прави курбан и тоа да се става во темелите на градбата, но тоа е погрешно. При изградба на нов дом, кога се става камен темелник треба да се викне свештено лице, а тој ги осветува, а кога ќе се изгради објектот свештено лице го осветува објектот.

Македонија е позната по своите традиции, па така постојат и многу обичаи, но она што треба да се знае дека не се е поврзано со религијата.

Текстот што следува е преземен од официјалната веб страница на Бигорскиот Манастир.

Еден народен, во голема мера магиски и идолопоклонички обичај, кој е многу раширен помеѓу верниците, е курбанот. Курбанот што се прави при осветување на куќа, кога темелите се попрскуваат со крв од закланото животно и во нив се става неговата глава, е чиста ѓаволска работа, со која како нечестив обред си го внесуваме ѓаволот во сопствениот дом.

Курбанот, пак, принесен при храмова слава може да биде и нешто добро, и нешто лошо, во зависност од тоа како ќе се разбере.

Ако курбанот се подготвува и дели за закрепнување на гостите, кои често пати и оддалеку доаѓаат на храмовата слава, што значи ако основен мотив е братољубие, гостољубие, тогаш тоа е добро, само треба да се внимава да не е во среда или петок, или во период кога се пости. И во манастирите е забрането колење на курбан, бидејќи според преданието на Црквата и манастирските Устави во манастирите не се јаде месо.

Ако курбанот се коле со цел да му се принесе жртва на Бога за здравје и успех во животот, за Господ да чува од несреќи, таквиот чин е маѓиски и идолопоклонички, и не е во согласност со учењето и преданието на Православната Црква. Ако притоа се наруши и од Светата Црква определениот пост (ако курбанот се коле и јаде во среда или петок или во некој друг посен ден) тогаш гревот е уште поголем.

Бог Отец прима само една жртва, а тоа е крстната жртва на Неговиот единороден Син, принесена за спасение на секој човек, која е потполна и совршена жртва.

cypronews.com