Волшебната градина во Дубаи во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) е најголемата градина со природно цвеќе во светот, известува Агенција Анадолија (АА).
Градината, поради огромната површина што ја зафаќа, како и поради различните видови цвеќе, денес е вистинска туристичка атракција и неизбежна локација на мапата на туристи кои го посетуваат Дубаи.
Волшебната градина во Дубаи е запишана во Гинисовата книга на рекорди, а се простира на површина од над 72.000 квадратни метри.
Градината за посетителите е отворена од 2013 година, а се проценува дека во текот на сезоната во градината со полн цут има повеќе од 150 милиони цветови.
aa.com.tr/mk/