Настани на денешен ден, 27 октомври

0
161

710 Сарацените извршиле инвазија во Сардинија.

1275 Основан градот Амстердам.

1524 Италијански војни: Француските војски го опседнале градот Павија.

1644 Започнала Втората њуберска војна.

1787 Наполеон Бонапарт бил назначен за генерал на француската армија.

1806 По големата победа над Прусија, Наполеон Бонапарт влегува триумфално во Берлин.

1807 Потпишан договор помеѓу Наполеон Бонапарт и Карлос IV за поделба на Португалија.

1920 Седиштето на меѓународната организација Лига на народите (основана е на

19.04.1919 година со задача да го зачува светскиот мир, колективната безбедност и политичката независност на земјите, членки на Лигата на народите) од Лондон е префрлено во Женева, Швајцарија. Во тој град многубројните институции на Лигата на народите останаа сè до 1945 година, кога и формално беше укината, отстапувајќи и го местото на Организацијата на обединетите нации.

1922 Под притисок на фашистите на чело со Бенито Мусолини, владата на Италија поднела оставка.

1924 Создадена Узбечка ССР.

1947 Во Лерин е извршена смртна пресуда врз 13 Македонци од селото Герман, Леринско, обвинети за соработка со партизаните.

1969 Бања Лука била погодена од голем земјотрес.

1971 Демократска Република Конго била преименувана во Заир.

1979 Свети Винсент и Гренадините добиле независност од Обединетото Кралство.

1978 Египетскиот претседател Анвар ел Садат и израелскиот премиер Менахем Бегин, добиле Нобелова награда за мир.

1991 Туркменистан ја објавил својата независност.

1991 Во Полска биле спроведени првите демократски избори.

1998 Герхард Шредер станал канцелар на Германија, по оставката на Хелмут Кол.

1999 Фустанот на Мерилин Монро која го носела додека ја пеела песната „Happy Birthay, Mr. President“ на претседателот на САД, Џон Кенеди, бил продаден за рекордни 1.267.500 долари, што претставува рекордна сума на пари потрошени во аукција при таква намена.

 

Од Википедија — слободната енциклопедија