(ВИДЕО) Осуден на 30 години затвор, ја турнал од карпа бремената жена за да земе пари

0
391

Хакан Ајсал беше уапсен минатата година за убиството на неговата бремена сопруга Семра Ајсал, што се случи во јуни 2018 година додека тие беа на одмор во долината на пеперутките во провинцијата Мугла на медитеранскиот брег на Турција.

Полицијата го обвини Ајсал дека ја убил седуммесечната трудница туркајќи ја од карпа висока 300 метри, покрај тоа што Семра инаку се плашела од височина.

Пред убиството, двојката се фотографирала на карпата, а обвинителите потоа тврделе дека Ајсал планирал се да изгледа како несреќа за да добие пари од осигурувањето кое било договорено непосредно пред смртта на Семра. Имено, тој на нејзино име подигнал полиса за осигурување од незгода со гаранција од приближно 46.000 евра.

plusinfo.mk