Маглата на аеродромот во Сараево – Фон дер Лајен не може да слета

Маглата на аеродромот во Сараево го одложи најавеното пристигнување на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во нејзината посета на Босна и Херцеговина.

Ова го потврдија за сараевскиот портал „Кликс“ од сараевскиот аеродром.

Пристигнувањето на Фон дер Лајен беше најавено за во 9 часа, а според последните информации нејзиниот авион се уште не полетал од Тирана.

Сите претходно закажани средби на Фон дер Лајен со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, претседателот на Советот на министри и дневната обиколка на автопатот Коридор 5Ц Тарчин – Иван беа одложени за еден час.

извор: „Кликс“