Изгоре патничко возило кај Волково, во несреќата починало едно лице

0
255

На 28.10.2022 во 3:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул. 60 и ул. 58 во с. Волково, Скопско, патничко моторно возило „мини купер“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале А.С.(26) од с. Волково и А.Г.(28) од Скопје, излетало од коловозот и се запалило.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат.

Во несреќата, на местото на настанот починал А.Г., а смрт била констатирана од лекар од Итната медицинска помош.

Додека, со повреди се здобил А.С. констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

makfax.mk