Малолетник кој возел велосипед е тешко повреден во сообраќајна несреќа

Вчера во 14.50 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека во с.Бистренци, демиркаписко, патничко моторно возило „ауди“ со демиркаписки регистарски ознаки, управувано од Ф.Д.(21) од с.Бистренци, удрило во велосипед управуван од малолетник од с.Бистренци.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот констатирани во Општата болница во Кавадарци.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Неготино.

извор: МВР