Сеуште не пристигнал брзиот воз од Скопје кон Битола кој тргнал вчера во 18:26

0
445

Кога во Русија слушнале дека од Скопје до Битола се патува над 3 часа со воз, мислеле дека Македонија е поголема од Русија. Е оваа анегдота, вечерва се потврдува уште еднаш на дело.

Брзиот воз кој е редовен од Скопје за Битола, тргнал навреме во 18 часот и 26 минути. Но се уште не пристигнал во Битола. Застанал кај Могила по 20 часот и заедно со патниците не е поместен ниту едено метро.

Патниците кои се јавија во редакцијата на 4NEWS.mk велат дека биле известени дека од Скопје тргнал нов воз кој околку полноќ ќе пристигне и ќе ги преземе патниците.

Како тоа ќе биде изведено на една пруга, во моментов е нејасно.

Ова не е прв пат брзиот воз, да патува повеќе од 6 часа од Скопје до Битола.

Возот ноќеска не пристигнал, а дали ќе стигне денеска очекува да видиме.
4news.mk