Во уривањето на висечкиот мост во Индија бројката на загинати се зголеми на 141 лице

0
247

Најмалку 141 лице ги загубија животите во уривањето на висечки мост во индиската сојузна држава Гуџарат, известува Агенција Анадолија (АА).

Локалната телевизија NDTV објави дека досега се спасени 177 лица кои паднале во реката, а бројката на загинати е зголемена на 141. Меѓу загинатите има и деца. Во тек се операции за спасување.

Индиските официјални претставници соопштија дека урнатиот мост бил со капацитет од 125 лица, а се урнал поради преоптовареност. Мостот долг 230 метри, изграден за време на британското владеење во 19 век, минатата недела е отворен за употреба по шестмесечна реставрација.

Опозициските партии тврдат дека на мостот не се спроведени потребните технички контроли и дека не се извршени дополнителни тестови во врска со оптеретувањето.

Многу лица по повод Дивали, Праникот на светлината, го посетија местото Морби, каде се наоѓал мостот.

Официјалните лица вчера информираа дека во моментот на несреќата, на мостот се наоѓале најмалку 500 лица.

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).