Товарен воз усмртил околу 30 овци кај Миравци, потврди вечерва за МИА, Тони Ангеловски, помошник на министерот за внатрешни работи, за односи со јавноста.
– Денес околу 15 часот во Полициската станица Гевгелија, било пријавено дека во близина на железничка станица Миравци, товарен воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје, удрил во стадо овци, при што биле усмртени околу 30 овци, а повредени лица нема, појасни Ангеловски за МИА.
Увид на местото врши екипа на Полициска станица Гевгелија.
MIA