Градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски во своето гостување на Радио Лидер потенцираше дека постои едно сомнение кое што доаѓа и надвор од Македонија дека владини претставници, одредени министри и одредени безбедносни структури во Македонија користејќи државни ресурси во една специфична ситуација и едно акционерско друштво во доминанта државна сопственост финансираат медиуми кои што се таканаречени проруски медиуми.
-Она што мене ме загрижува е по повеќе разговори со релевантни меѓународни претставници еве во вашата емисија можеме да кажеме дека постои едно сомнение кое што доаѓа и надвор од Македонија, дека владини претставници, одредени министри и одредени безбедносни структури во Македонија користејќи државни ресурси во една специфична ситуација и едно акционерско друштво во доминанта државна сопственост финансираат медиуми кои што се таканаречени проруски медиуми, кои што шират една пропаганда спротивна на интересите на нас како земја членка на НАТО, истакна Муцунски.
Муцунски додаде дека за сето ова што го прави власта ќе следи одговорност.
-И бидејќи тезата е дека ВМРО-ДПМНЕ е антиевропска партија еве да бидат свесни дека за таквите злоупотреби во некој момент ќе следи одговорност. Мојот колега и потпретседателот Николоски често зборува и за една друга работа која што е ноторен факт, а тоа е дека одредени безбедносните служби во Македонија сериозно превземаат чекори за следење на комуникацијата на дел од раководството на политичката партија. Согласно моите информации и јас сум еден од тие лица кои што е опфатен со тој процес и се шири, користејќи буџетски средства на граѓаните, една пропаганда против опозицијата, кажа Муцунски.
извор: ВМРО ДПМНЕ