Во неодамна реновираната полициската станица во Групчин со која се пофали Спасовски, денеска падна таванот

Министерството за внатрешни работи неодамна се пофали дека ја реновирала полициската станица во Групчин. На свеченоста присуствуваше и министерот Спасовски кој нагласи дека вработените сега имаат нормални услови за работа.

Но, радоста не траеше долго. Се појавија фотографии на кои се гледа дека таванот на една од просториите е срушен и висат кабли и сијалици. Наместо плафон се гледа една голема дупка на средината од собата.

извор: Република