Ердоган и Путин телефонски разговараa за последните случувања во Украина

0
282

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, имаше телефонски разговор со неговиот руски колега, Владимир Путин, за билатерални и регионални прашања, со посебен осврт на војната меѓу Русија и Украина, јавува Агенција Анадолија (АА).

Дирекцијата за комуникации при Кабинетот на турскиот претседател соопшти дека во фокусот на разговорот на Ердоган и Путин биле последните настани од војната во Украина.

Во соопштението се наведува дека за време на разговорот, Ердоган истакнал дека сите страни продолжуваат да вложуваат напори за изнаоѓање решение за продолжување на извозот на жито од украинските пристаништа на Црното Море врз основа на договорот од Истанбул, претходно постигнат меѓу Туркије, Русија, Украина и Обединетите нации.

Во телефонскиот разговор со Путин, Ердоган изрази уверување во можноста за соработка со цел решение во однос на транспортот на жито.

Турскиот претседател Ердоган му се заблагодари на рускиот колега Путин за неговото обраќање на седницата на клубот за дискусија „Валдаи“, на која тој кажа пофални зборови за Турција и нејзиниот претседател.

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).